Движењето ГДОМ, кое ја поддржува владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се подготвува за денешниот протест пред македонското Собрание, најавен како „Народот се буди“.

Бината е на улицата веднаш спроти Собранието, а звучници се поставени и зад Градската болница од каде ечи инструментална музика. Работници поставуваат метална ограда пред Жена парк. Во моментот пред Парламентот има малку луѓе, меѓутоа се очекува да има многу народ, бидејќи се најавени многу автобуси од внатрешноста.