Општина Аеродром денеска почнува акција со која се уредуваат и расчистуваат паркиралиштата, кои се на нејзина територија, во соработка со ЈП „Градски паркинг“.
Дел од комуналните служби на општината со службите од јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе ги расчистуваат и метат паркинзите зад трговскиот центар „Бисер“ и „Капитол Мол“, а акцијата исто така опфаќа и собирање паднати гранки и шут.
Службите за расчистување на паркинзите се опремени со дувалки, машина за метење и камион за собирање на собраното ѓубре.