А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Се асфалтира последната делница од регионалниот пат Виница – Штип

by А1он30/05/2018 - 14:31142
Share0

Механизација на јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со асфалтирање на последните три километри меѓу селата Теранци и Кучичино на териоријата на општина Чешиново-Облешево.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со завршувањето на оваа делница источниот регион ќе добие комплетно ново алтернативно сообраќајно решение со вкупна должина од 19 километри што ќе ги поврзува општините Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци и Штип.

– Очекуваме асфалтирањето на последниот дел од регионалниот патен правец да заврши за десетина дена. Со тоа конечно ќе добиеме директно и скратено поврзување со соседните општини Зрновци и Карбинци, а ќе се надмине проблемот за жителите од селата во подножјето на Плачковица кои до сега мораа да патуваат дополнителни петнаесетина километри, истакна Горанчо Крстев, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Пробивањето и изградбата на патот започна пред четири години, а инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, кое за целосното комплетирање вложи околу 50 милиони денари.

Следете a1on на Youtube YouTube
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео