СДСМ преку соопштение реагира на денешната изјава на Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ дека социјалдемократите креирале лажно сценарио за создавање хаос во државата.
СДСМ со контаробвинувања дека „на 24 декември со партиско-полициски пуч и насилство била поништена парламентарната демократија и Уставот“.
За какви сценарија говори ВМРО ДПМНЕ? Зарем СДСМ ги отстрани новинарите од собраниската галерија? Зарем СДСМ самиот ги викна полициските специјалци брутално да ги исфрлат опозициските пратеници? Зарем СДСМ ги донесе партиските војници од државната администрација на протести пред Собранието? Зарем СДСМ им нареди на Трајко Вељаноски и владејачкото мнозинство да го погазат Уставот, Законите и процедурите за да го донесат расипничкиoт и криминален буџет?, стои во реакцијата на СДСМ.