СДСМ: Во тек е ослободување и професионализација на институциите

Од:

Во тек е ослободување и професионализација на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше и злоуптребуваше, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски ја партизираше државата и ги злоупотребуваше институциите и од нив наместо сервис за граѓаните, направи сервис за исполнување на желбите и интересите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Преку реформскиот План 3-6-9, Владата предводена од СДСМ започна со процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивна професионализација и функционирање исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество што ќе пружа еднакви можности за сите, а лицата кои правеа поделби, вршеа притисоци и сееа омраза, повеќе не смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки“, соопштија од СДСМ.