• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Учебната година започнува без притисок од екстерното тестирање

by А1он04/09/2017 - 09:2204/09/2017 - 09:3449
Share0

„Учениците во основно и средно образование за прв пат по неколку години ќе ја започнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес.

Добивај вести на вибер

Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во образованието што зад себе ги остави криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа, а ќе се ревидираат и сите спорни учебници.

Покрај надминувањето на напластените проблеми, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство активно работат на унапредување на образовванието, што поради погубните политки на власта на ВМРО-ДПМНЕ со години беше едно од најлошите во Европа. Преку ребалансот на Буџетот за 2017 година обезбедени се дополнителни 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, како и нови 35 милиони денари за студентски стандард.

Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на зацртаните мерки во образованието што го унапредуваат образовниот систем и се во интерес на учениците, настаниците и професорите“ се вели во соопштението на СДСМ.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен