СДСМ со своја советничка листа во Струга

Од:

И покрај најавите дека струшкиот огранок на СДСМ на седница одржана синоќа требаше да донесе одлука дали ќе го подржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Кочоски за градоначалник на Струга или не, за тоа воопшто и не било расправано. Она што се знае е дека СДСМ и дефинитвно ќе оди со самостојна советничка листа која со акламација била донесена на седницата на општинското претседателство, а носител е претседателот на огранокот Ристе Чушкоски.

Наши извори не ја исклучуваат можноста СДСМ да оди и со свој кандидат за градоначалник во Струга, но оти останува во опција и варијантата да се поддржи Кочовски.

Сепак дефинитвната одлука ќе се донесе во наредните два дена бидејки рокот за поднесување на кандидатури истекува на 8 март на полноќ. Повеќе опции се во игра иако ВМРО ДПМНЕ се убедени дека СДСМ официјално ќе го подржи нивниот кандидат.

Тоа за А1 го потврди и пратеничката Лиљана Затуроска која кажа дека добиле уверување од СДСМ дека ќе го поддржат нивниот кандидат за градоначалник.

Ние го испочитувавме рокот на ДИК, и затоа не може сега да се повлекуваат листите. Законски тоа не е возможно. Сега останува како опција СДСМ да си пријават своја листа. Од страна на опозицијата добивме уверување дека ќе го подржат нашиот кандидат. Разговаравме со нив на локално ниво и ни кажаа дека ќе го подржат, рече Затуроска.

Мики Трајковски