СДСМ: Со Левица и ДПМНЕ се можни само инциденти и насилства, нема да дозволиме

Од:

Дивеењето на Левица во Собранието потврди дека со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос, пишуваат преку соопштение од владејачката СДСМ.

„Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. Целата македонска јавност се увери каков хаос и тензии следат со Левица и ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од таму посочуваат дека СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат.