Сите ангажирани лица на терен, пожарникарите, припадниците на Армијата и доброволците, задно со надлежните министерства и институции, даваат се од себе за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на активните пожари, од кои за дел од нив постои сомневање дека се подметнати. Ова се наведува во реакцијата од СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од одговороноста за катастрофата што ја остави зад себе по 11-годишното криминално владеење. Криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави нефункционален систем за справување со кризни ситуации, застарена и запуштена механизација и стара и дотраена опрема во службите задолжени за заштита. Дури и авионите за гаснење пожар не беа функционални се до доаѓањето на новата власт, се вели во реакцијата.
СДСМ посочува дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните институции да ја работат својата работа и да престане да шири паника меѓу граѓаните.