СДСМ: Што навистина е „Курир“?

Од:

„Што навистина е Курир, интерент портал, информативна агенција, агенција-партија?

Ова прашање се наметна како тема во јавноста откако самиот „Курир“ еднаш се дефинираше како интернет портал, па како информативна агенција за потоа почна секојдневно да пишува реакции на соопштенијата на СДСМ.

Тоа граѓаните го гледаат секој ден и најдобро можат да оценат дали и колку е професионално или воопшто не е.

За каква професионалност зборува „Курир“ кога не пренесува ниеден став на граѓани, здруженија, политички партии, експерти, стручни лица, коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Дури на „Курир“ е забранет и закуп на платена реклама за оние коишто имаат различно мислење од Никола Груевски.

Ниту демантите од официјалните државни институции на манипулациите објавени на „Курир“ не се пренесуваат.

За каква професионалност зборува „Курир“ кога јавноста не знае кој навистина работи во овој портал, што се уште нема објавено импресум.

Додека други субјекти веднаш добиваат понуди, СДСМ не може да добие понуда за закуп на рекламен простор на затоа што „Курир“ има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

Граѓаните знаат, доаѓа слободна и Европска Македонија.

По 24-ти априли и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, се вели во реакцијата на СДСМ.