СДСМ се придружува на протестот пред Уставен суд

Од:

СДСМ се приклучува на протестот пред Уставен суд, најавен за утре, ова го кажа Зоран Заев на денешната прес конференција.

Повикот до сите граѓани да излезат на масовен протест кој ќе почне со марш во вторник во 18 часот, а ќе продлжи со бдеење пред Уставниот суд, каде во среда ќе се чекаат уставните судии, дојде од граѓанската платформа „Ајде“, која повикува на одбрана на Уставот од уставните судии и на спречување на криминалот што дел од нив го прават.

„Намерата да се прогласи законот за неуставен и тоа поради одредбата дека одредени кривични дела не можат да бидат помилувани од претседателот е со цел за понатаму да не можат да бидат казнети сите оние кои ќе извршат изборен криминал во изборниот процес што следи“, велат активистите

Протестот ќе започне утре во 18 часот со марш од пред Владата на РМ, ќе се поминува пред народната канцеларија на престедателот, па Собранието на РМ и ќе заврши пред Уставниот суд каде ќе има бдеење пред судот и каде ќе се чекаат судиите кога доаѓаат на работа.