СДСМ: Рушењето на правната држава од страна на тајкуните и ВМРО-ДПМНЕ нема да успее, одговороност за „Рекет“ ќе има

Од:

Воспоставувањето на правната држава на здрави основи и одговороност за фамилијата и тајкуните на режимот, наиде на отпор и страв дека секој ќе одговара за тоа што го направил, соопштуваат од СДСМ.

„Многу е очигледна борбата на тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се обидуваат да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО, да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Од снимките на последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет туку сосема спротивно, повеќе од јасно е дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај.

Обидите за дискредитирање на премиерот Заев се неуспшени.

Токму тој го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Мицкоски наместо да се крие да одговори на следните прашањата:

Со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато?

Дали и што примил на рака?

Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал?

Единственита која и повеќе од две години се бори за правда , за градење на независни институции, против криминалот и корупцијата е токму оваа Влада предводена од СДСМ.

Сите предмети, од „Империја“, „Талир“ до „Титаник“ и “Тревник“, сите, мора да бидат расветлени до крај и секој што се огрешил пред законот, мора да одговара.

Вклучително и предметите во кои е осомничен Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.