Христијан Мицкоси на синоќешниот митинг повторно покажа дека е дел од матрицата на Никола
Груевски, матрица на притицоси врз медиуми и етикетирање на новинари, смета СДСМ.
Дел од таа матрица, додава СДСМ, е и Гордана Сиљановска кандидатката на Мицкоски која не се изјасни и не го осуди чинот на етикетирање и притисоци врз новинари и медиуми.
Дали Сиљановска ќе се огради и ќе го осуди ваквиот чин на Мицкоски, кој наиде на осуда и од
новинарската фела и од здруженија на новинари?, прашува СДСМ.
Соочен со слабата поддршка, соочен со извесниот пораз на изборите, Мицкоски станува се по
нервозен и во сите бара виновници за поразот што го очекува и на претседателските и на
локалните избори, заклучува СДСМ.