СДСМ: Македонската иднина е обезбедена, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја повлече Македонија назад во изолација

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја лаже јавноста и покрај тоа што Договорот кој става крај на 25 годишниот спор со Грција го зајакнува македонскиот идентитет и го потврдува историскиот континуитет на државата.

ВМРО-ДПМНЕ се конфузни и контрадикторни. Постигнатиот конечен Договор е јасен: придавката македонски е официјално утврдена. Македонец, Македонка, македонски јазик, македонска историја, македонско сонце, македонска традиција со Договорот се потврдени и зајакнати еднаш засекогаш и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.

Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ повтoрно лаже! Сите термини што денеска ги користеше опозициската партија и понатаму ќе бидат ословувани како македонски.

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја напушти старата матрица и затоа секојдневно шири лажни вести. Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот е партиотски чин што ја обезбедува европската иднина на државата и го зајакнува идентитетот. И покрај сите обиди, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја врати Македонија во времето на изолација, назадување и поделби, граѓаните на референдум ќе одберат напредок и ќе кажат ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.