„Канал 5 телевизија денеска ги призна, јавно ги повлече лагите на Миленко Неделковски и му се извини на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство.
Извинувањето е само уште една потврда дека медиумските хајки на соработниците на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните, се само невистини, измислици, и ништо друго.

Се надеваме дека провладините медиуми полека ќе осознаат дека вистината и реалната вест треба да бидат неприкосновено правило, и дека манипулациите и злоупотребите мора да завршат.
Одлуката на „Канал 5“ е за поздравување, но, очекуваме дека еден ваков исклучок ќе стане правило во интерес на медиумите, новинарите и на сите граѓани коишто 10 години се лишени од вистината, од објективната и вистинска информација“, велат од СДСМ.
