Да беше Ѓорге Иванов вистински претседател на државата ќе реагираше веднаш после „црниот понеделник“ и ќе се спротиставеше на суспендирањето на демократијата и рушењето на правната држава.
Затоа, со неговото денешно интервју тој уште еднаш потврди дека е обичен статив и марионета на Никола Груевски, реагира од СДСМ на денешното интервју на претседателот Ѓорге Иванов.
Според социјалдемократите, тој е последен кој има право да ја оценува опозицијата и нејзиното политичко делување.
– Сојузот за иднината ја покажа својата конструктивност и обид преку политички дијалог да се надмине кризата што ја создаде власта. Тоа што нема политичко решение за кризата е одговорност единствено на Никола Груевски и тој ќе ги сноси сите последици од подлабочувањето на кризата. Сега Ѓорге Иванов колку и да се обидува неможе да биде адвокатот кој што ќе го одбрани неговиот партиски шеф Никола Груевски од сопствениот инает, се вели во реакцијата.