СДСМ: Граѓаните немаше да дишат нечист воздух ако се инвестираа 20 милиони евра

Од:

„Според најновите податоци од мерните станици, загадувањето на воздухот во скопско Лисиче, во Битола и Тетово изнесува 6 пати над дозволената граница. Во Кавадарци, Кичево и Велес загадувањето е 4 пати над дозволеното.

Граѓаните во Македонија секојдневно дишат загаден воздух, со огромни концентрации на штетни, канцерогени ПМ 10 честички.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.

Тоа значи дека половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.

Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.

Цели 10 години провладините медиуми шират лаги, тераат пропаганда и водат медиумски хајки додека речиси цела Македонија се гуши од загаден воздух.

За три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа, задолжени за ширење на владине лаги завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Заедно милионите на сметките на „Република“, „Курир“, „Радио Слободна Македонија“ и ново објавените 4 милиони евра за сопственикот на ТВ Нова, тоа се неверојатни 20 милиона евра!

Да се инвестираа овие 20 милиони евра во заштита на животната средина граѓаните на Македонија немаше да дишат загаден воздух“, велат од СДСМ.