[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]СДСМ прес конференција одржаа пред новата куќа на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Тој, рекоа е истиот човек кој пред неколку години шеташе низ Скопје и измислуваше обвинувања за некаква си наводна црвена буржоазија.
Јавно го прашаа дали со овааа куќа и припаѓа на портокаловата буржоазија?
„Според имотниот лист на Влатко Ѓорчев не нѐ чуди како можел да купи толкава куќа впрочем, познато е дека тој има многу имот. Ама, нѐ чуди како Ѓорчев, со пратеничка плата, за само неколку години си обезбеди толкав имот, и тоа во сред невидена економска криза?Очигледно е дека портокаловата буржоазија е реалност. Додека народот живее во мизерија и невидена сиромаштија, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се „полни како брод“, рече Кристина Костова, член на социјалдемократската младина.
Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ , посочи, имаат особен мерак на куќите и становите.
„Предводен од примерот на Груевски, чија мајка има неколку стана, новите станови на министерката Јанкуловска, или од примерот на Антонио Милошовски, чиј дедо изгради две куќи во медитерански стил, гледаме дека и некогашниот „ловец на духови“ си обезбеди голема палата.Со ова стана јасно дека измислувањето приказни за некакви буржоазии се само за прикривање на портокаловата буржоазија“, рече Костова.
ФОТО: Плуинфо