СДСМ ги повлекува членовите од Комисијата за лустрација

Од:

Во СДСМ се анализираат најновите случувања по примената на новиот закон за лустрација, со кој, јавно се објавуваат имињата на кодошите, а и времетраењето на примена на законот. Поради незадоволство, а и фактот, дека власта може секого да прогласи дека соработувал со тајните служби, самиот закон ќе значи пресметка со неситомислениците, и затоа во СДСМ, законот и мнозинството во лустрациската комисија, велат дека ова се ќе се претвори во „лов на вештерки“.

Затоа по одморот , опозицијата, дознава А1 ќе повлече дел од членовите во комисијата за Лустрација, кои и досега покажуваа револт и незадоволство од некои членови, посебно од претсаедателот аџиев. Од опозицијата велат дека одредени случаи, иако се знае дека биле всушност жртви, или предмет на обработка, поради мнозинството во Комисијата, посебно претседателот Аџиев, чиј мандат е одамна завршен, намерно се сведуваат под графата „соработници на тајните служби„

Посебно се посочува случајот со Владимир Милчин, за него е јасно од документите дека тој бил предмет на следење ,а всушност и самото досие „Драматург “ е досие, заведено како личност која била обработувана од службите.

Она што според експертите за оваа област е несфатливо, што за ова досие стои кратенката ПОО или „Предмет на оперативна обработка“, сето ова значи дека лицето не било „кодош“, туку обработувано лице. Сомнеж фрлаат уште најмалку 3 досиеја на лустрирани посебно лицата Данчо Чевревски , Николче Јован Бабовски, Зоран Радомир Јовановски. Несфатливо е што лицето Николче Бабовски и Зоран Радомир Јовановски биле соработници на агенцијата за контраразузнавање и дека работеле по теми на големо српски национализам и работата на грчките служби во земјата. Овие лица ниту соработувале од идеолошки причини, ниту имале материјална добивка, а нема ниту пак некој податок дека напредувале поради соработката, во кариерата.

Големо е незадоволството и во дел од невалдиниот сектор од работењето и потезите во врска со лустрацијата, сепак се очекува враќањето на Бранко Црвенковски, за да се измерат и повлечат натамошните чекори.