СДСМ Гевгелија: Франгов, каде е ветениот пункт за бегалците во меѓуграничниот простор?

Од:

Во налетот на бегалската криза Гевгелија се најде на патната трансферзала на илјадници граѓани кои бегајќи од воените жаришта во своите држави тргнаале да бараат парче иднина за себе и своето семејство.

Европската порта, како што се нарекува Гевгелија ги дочека неспремна, иако уште од март годинава Невладината организација „МОСТ“ со поддршка на Европската Унија организираше јавна дебата во Гевгелија со цел да предупреди на зголемениот број на бегалци кои транзитираат низ Македонија, а токму Гевгелија е нивната влезна точка во државата.

Поминаат пет месеци од предупредувачките пораки на Европската Унија за очекуваниот бегалски налет од земјите на Централна Африка и Источна Азија, каде преку Турција и Грција влегуваат во Гевгелија. Тогаш немавме Закон за олеснување на постапката за 72 часовен транзит низ земјата, па низ автопатот имавме река од бегалци, пешаци, велосипедисти.

Сега со новите измени на Законот за азиланти доволено им е користење на јавен превоз и резултатот е – запоседнати перони на Железничката и Автобуската станица во Гевгелија.

Жителите на Гевгелија со право се прашуваат: Каде е тука организацијата? Каде е организираниот превоз? Организираниот здравствен третман на тие луѓе кои доаѓаат од непознати краишта и можеби се носители на опасни заразни заболувања?
Каде е организираниот пункт во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција што го вети градоначалникот Франгов?

Каде е засиленото присуство на АРМ во меѓуграничната зона со цел одржување на граничната контрола, како што вети претседателот на РМ Ѓорги Иванов.
Армијата би била ангажирана на јужната и северната граница, како и по должината на Коридорот 10 каде најчесто транзитираат мигрантите“, беше неговата изјава при посетата на гевгелија на 16 овој месец. Вакво нешто уште не сме виделе дека е воведено иако го вети претседателот на државата.

Малку ветувања, а нула реализација.

Реалноста на Железничката станица за овие пет месеци стократно ја промени сликата на неподнослива гужва и турканица на мигрантите да се качат во воз за спас кон земјите од Европската Унија. Голем дел од нив не успеваат ниту да ги извадат потребните документи за транзит низ земјата, зошто неколкуте полициски службеници не се во можност да услужат 1.300 мигранти дневно, колку што во просек влегуваат во Гевгелија. Тоа значи дека од 600 до 800 мигранти, без документи за престој, без здравствен преглед и превентива слободно шетаат низ градот, низ парковите, низ угостителските објекти, околните продавници и тоа создава слика на неорганизирана општинска управа со ситуацијата со мигрантите во Гевгелија.

На последната седница на Советот на Општината беше презентиран материјал за состојбата со мигрантите подготвен во средината на месецот, а сликата на терен од ден на ден е се’ похаотична. Се вели дека се издадени 14.000 потврди за привремен престој и 72 часовен транзит низ земјава, а денешните податоци се над 23.000 евидентирани мигранти кои ја поминале македонската граница кај гевгелија.

Врв на се’ е повторниот бирократски заклучок од информацијата, дека: „Откако ќе се систематизираат сите предлози на советниците, истите ќе бидат испратени до надлежните државни институции на разгледување и постапување по нив“.

Па, колку месеци му треба на Градоначалникот да свати дека има реален проблем и тој, и Општина Гевгелија, а не само Македонија?

Дали „Комуналец“ ќе се сети дека три мобилни тоалети се нодоволни за опслужување на 1.400 мигранти дневно? Дали ќе се сети да ангажира дополнителни комунални работници за одржување на хигиената на градскиот простор? Ако нема доволно кадар, нека одговори што работат близу 200 вработени во „Комуналец“ за да гевгеличани стравуваат од еколошка бомба на просторот околу Железничка и Автобуска станица?

И додека Власта се лулсузира со градење приватни хациенди, со возењето на своите најново купени џипови, немајќи време за реалните проблеми, Советничката група на Социјалдемократскиот Сојуз во Гевгелија во има на Општинската Организација пред Советот ги побара следниве мерки за решавање на состојбата со зголемениот број мигранти во Гевгелија:

1. Најпрво, Просторно ослободување од присуството на бегалци во областа на Железничката и Автобуската станица во Гевгелија, се’ до околните паркови;
2. Зголемено присуство на полициски службеници во тој дел од градот заради обезбедување ред и безбедносна сигурност на граѓаните;

3. Да се направи прифатен пункт за бегалците надвор од градската зона, заради нивна евиденција, медицинска превенција и организиран транспорт до нивната пожелна дестинација – земјите од Европската Унија;

4. Да се обезбеди 24 часовно лекарско присуство и медицинска заштита преку УНХЦР, бидејќи локалните медицински ресурси се ограничени и недоволни да се справат со бегалскиот налет на изнемоштени, дехидрирани, лесно повредени лица, меѓу кои има и деца, и мајки, и трудници;

5. Да се обезбеди дезинфекција на просторот каде престојувале бегалците, особено просторот околу Железничка и Автобуската станица во гевгелија, заради превенција од ширење заразни болести, поради ограничените хигиенски услови, како и да се изврши прскање против комарци, зошто голем дел од заразните болести се пренесуваат и со обично каснување од комарец кој претходно бил над друго болно лице;

6. И, шесто, да се обезбеди здравствена заштита како за бегалците, така и за домашното население што е во контакт со нив, и на медицинскиот персонал што им пружа помош на бегалците.

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Гевгелија е незадоволна од досегашните постапки, односно непостапки на локалната, ниту пак на државната влсат, кои навремето декларативно изјавуваа колку се хумани со тоа што полицајците ја делеле кифлата за доручок со бегалците.
Не ни’ треба патетика, ниту мижење пред профитерството над туѓата мака, ниту пендеците за недознолен пристап на бегалците од пограничната зона кон Гевгелија.
Сакаме Општината под итно да се заложи за спроведување на мерките од областа на просторното ослободување, заштитата на населението и медицинскиот персонал. Доколку овие мерки НЕ бидат превземени во рок од една недела, Општинската организација на СДСМ преку својата Советничка група ќе побара под итно одржување на Вонредна седница на Советот на општината со точка на дневен ред за решавање на состојбата со бегалците, нивното присуство и заштита во Гевгелија.

И на крај ќе потсетам дека, Европскиот Перламент има изгласано Фонд за миграција и развој со вредност од три милијарди и 170 милиони евра, што значи дека го планирале овој бегалски бран во 2015, со кој гевгелија се соочува сега. Тука е нашата шанса да ги зајакнеме институциите за справување со мигрантите.
Ако не знае Власта, како членка со препристапни преговори со ЕУ да ги лобира своите потреби кон решенија, Опозицијата е тука да ја предупреди, корегира и смени нивната политика, ако не и нив самите.

Благодарам,