СДСМ: Договорот е патриотски чин, препознаен од сите, освен од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи и затоа не престанува со лажните вести и невистини.

Конечниот Договор е врвен патриотски чин, затоа што го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и ги отвора перпсективите на Македонија како полноправна членка на НАТО и ЕУ.

Тоа е препознаено од сите освен од ВМРО-ДПМНЕ којашто останува заглавена во матрицата на минатото, на поделбите и изолацијата.

Целиот демократски свет, САД, ЕУ,ООН, Европската комисија, Европскиот парламент, Германија, Велика Британија и многу други, го поздрави договорот помеѓу Македонија и Грција,честиташе за лидерството и ги акцентираше придобивките за двете земји и за регионот.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги напушти поразените политики кои се уште ги застапува и да се вклучи во процесот кој на граѓаните им дава историска шанса, на референдум, да го имаат последниот збор за македонската иднина. Време е ВМРО-ДПМНЕ конечно да застане зад интересите на граѓаните и државата, да го поддржи Договорот и да каже ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.