СДСМ: Со членството во НАТО земјата добива безбедност и сигурност, влез на нови инвестиции и подобар живот за сите

Од:

СДСМ реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија конечно доби покана да стане земја членка на НАТО Алијансата, доби датум за почеток на преговори со ЕУ и шанса да стане дел од европското семејство.

Остварувањето на историскиот успех на Македонија и нејзините граѓани претставува остварување на врвните стратешки цели кои се од национален интерес, поставени уште од осамостојувањето. Македонија да биде стабилна, безбедна, сигурна и напредна држава, цел за која се залагаа претходните влади и парламентарни состави но и цел на нашите генерации.

ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да каже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Залудно се обидите на ВМРО ДПМНЕ да ја извртуваат реалноста. Реалноста е таа дека македонскиот идентитет и јазик се обезбени. Иднината на македонските граѓани е обезбедена.

Со членството во НАТО земјата добива загарантирана безбедност и сигурност, влез на нови инвестиции, нови работни места и подобар живот на сите граѓани во Република Македонија.

Македонските граѓани го препознаваат успехот кој се постигна и го препознаваат патот кон ЕУ и НАТО.

ДА за влез во НАТО! Да за почеток на преговори за членство во ЕУ! Да за македонската иднина“ реагираат од СДСМ.