Советничката Рајна Стојанова да го врати мандатот, побараа нејзините довчерашни колеги од коалицијата Сојуз за иднината, јави телевизијата 24 Вести.
Сметаат дека само така ќе ја надомести штетата што ја направи како на коалицијата така и на граѓаните кои гласале за нив.
Од партијата на власт пак велат дека преминувањето на Стојанова во советничкото мнозинство во Велес е последица на штетните политики на СДСМ.