Саше Ивановски – Политико вечерва бил нападнат пред зградата каде што живее од двајца маскирани со шипки.
Тој бил удиран по главата, рацете и грбот со шипки, од двајцата маскирани напаѓачи, по што му биле нанесени повреди. Носел ташна и се бранел и бегал, меѓутоа бил на неколку места погоден и главата му била раскрварена.
Тој повикал брза помош и е пренесен во градската болница.
-Поминав со неколку удари во глава, заминав од градската болница каде ми ставија неколку конци, рече Ивановски.