Сараево, Скопје и Тетово најзагадени во Европа

Од:

Тешкиот мирис на метал се чини дека не им предизвикува посебно внимание на жителите од село Јегуновце. Сместен во северо-западниот дел на Македонија, околу 15 километри блиску до Тетово, ова село е синоним за металургијата во земјава. Во центарот на селото е сместена фабриката за обработка на метали „Jугохром“ чии оџаци го загадуваат, не само селото, туку целокупниот полошки регион, пренесува порталот Инбокс 7.

Граѓаните од овој регион организираа неколку протести против големото загадување, кое Тетово, заедно со Скопје, ги прави најзагадени градови не само во Македонија туку и во Европа.

Според податоците од Светската Здравствена организација (СЗО) обработени од весникот „Гардијан, Сараево е најзагаден град, второ е Скопје, а трето е Тетово.

Жителите на Јегуновце не сакале да зборуваат пред камерите на Инбокс7. Рекле дека се свесни за штетите предизвикани од загадувањето, но и дека од оваа фабрика зависи опстанокот на над 1000 работници.