Министерот за правда, Биљен Саљији по завршување на состанокот на Советот за реформи, изјави дека тој и заменикот остануваат во ова тело и сите останати членови, освен професорот по кривично право, Гордан Калајџиев.
„Лично ќе разговарам со него. Оставка до овој момент во Министерството не е поднесена“, рече Саљији.
„На состанокот разговараме за методологијата и начинот на работа“, рече министерот Саљији.
Останатите членови не дадоа изјави по завршување на состанокот.
Во конструктивна атмосфера и дебата беа вметнати одредени заклучоци, додаде министерот.
В.М