САД: Да не се спречува автономно дејствување на специјалниот обвинител

Од:

Амбасада на САД ја повикува Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат било какви дејствија што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со потполна автономија.

Преку соопштение САД велат дека “сите делови од договорите од 2 јуни и 15 јули мора да се имплементираат, за Македонија да може да ја реши и да ја надмине политичката криза. Ја повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат било какви дејствија што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со потполна автономија, како што повикуваат двата договори”.

Амбасадата на САД вели дека верува дека “веродостојно разгледување на случаите кои се поврзани со, или пак произлегуваат од следењето на комуникациите, е од најдобар интерес за сите партии и за граѓаните на Македонија. Очекуваме сите судски постапки во Македонија да се спроведат почитувајќи ги во потполност принципите на националното и меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска пракса според Европската конвенција за човекови права”, реагира амбасадата на САД во Македонија по вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со која снимките од телефонски разговори поднесени со кривичната пријава од СДСМ против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Сашо Мијалков и уште пет лица.