Рускиот квиз „Што? Каде? Кога? во Скопје

Од:

Во Барака Нокиа на Техничкиот кампус на УКИМ деенска ќе биде одржан рускиот квиз „Што? Каде? Кога?“, соопштиАмбасадата на Руката Федерација во Скопје.

„Што? Каде? Кога?“ е најпопуларниот интелектуален квиз во Русија и Заедницата на Независни Држави. Неговата премиера на државната телевизија на СССР се одржа во 1975 година (квизот се емитува и денес). Суштина на играта е екипа познавачи составена од најголемите научници треба да одговарат на сложени прашања што се следени од гледачите од различни краишта на земјата. Квизот доби голема популарност, излегувајќи од границите на телевизиските екрани во реалниот живот, така што денес милиони луѓе во Русија и поранешниот Советски Сојуз, во европските земји и во САД играат спортска верзија „Што? Каде? Кога?“, информираат од Руската амбасада.

Правила на играта се: едно прашање, една минута за размислување. Во квизот ќе учествуваат тимови до шест лица. Млади натпреварувачи на возраст од 18 до 29 години треба до одговорат на најголем број прашања за да станат сопственик на главниот трофеј на турнирот – „Бронзен ут“.

Настанот е организиран од Студентскиот парламент УКИМ во соработка со Амбасадата на Русија во Македонија и руската државна агенција „Россотрудничество“.

Би можело да ве интересира

Професорот по математика и физика во „Милионер“ заврши со 150 евра, не знаеше прашање за Чернобил

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Изгубил на квиз – го демолирал студиото

Катерина Ѓуровски