Руската амбасада до Николовски: Русија не била партнер на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Руската амбасада преку нивниот Твитер профил реагираа на ставот на Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека Москва не е партнер на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Николовски при негово гостување во Алсат изјави дека партнер на ВМРО-ДПМНЕ не е Москва, туку Брисел, Лондон и Вашингтон.

Одговор на тоа стигна од руската амбасада.

– Според Александар Николовски, Москва не била партнер за ВМРО-ДПМНЕ – за разлика од Лондон, Брисел и Вашинготн. Забележителен став, пишува во твитот на руската амбасада.