Родителите на момчето кое почина на фудбалски натпревар во Кавадарци бараат да се расветли неговата смрт.
Мите Влајков почина на фудбалски натпревар на 16 март во Кавадарци.
Неговата тетка Зора Стојанова побара министерот за здравство да ја реализира средбата со најблиските на Мите како што најави деновиве, пренесе Дневник.
– Мора да реагираме бидејќи ние сме многу ужалени, а постојано размислуваме дали можеше да се стори нешто повеќе за да се спаси нашиот Мите. Уште повеќе не убива неизвесноста кога дознавме дека лажна докторка со фалсификувана диплома интервенирала во неговиот случај. Дали таа ќе можела да го спаси ако била вистински доктор од итната медицинска помош. Нашите измачувања може да ги прекине само обдукцискиот наод, кој треба да го добиеме што побргу за да нема сомневања и вистината да излезе на виделина, рече тетката.
Тие бараат обдукцијата да се заврши што е можно побрзо.
ФОТО: Дневник