Рочиштето за „Пуч“ се одложува поради Ден на дрвото

Од:

Главната расправа по предметот на „Пуч“, која требаше да се одржи на 2-ри декември, ќе се одложи затоа што денот е неработен поради одржување на акцијата Ден на дрвото.

На овој шестти обид да стартува судењето по овој предмет, се најавуваше стражарно приведување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој се сомничи за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема носители на државни функции.

„Ја информираме јавноста дека сите судења во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, насрочени за овој ден, ќе бидат одложени и презакажани за друг ден. Сите граѓани кои се странки во одредена постапка за која е закажана главна расправа токму на овој ден, дополнително ќе бидат известени за кога се презакажуват судењата“, информираат од Судот.

Судијката, која го води предметот „Пуч“, на минатата расправа најави дека ќе издаде наредба до МВР за стражарно приведување на Заев, поради неговото бојкотирање на судот. Лидерот на социјалдемократите, пак, во јавноста неколку пати истакна дека нема да се појави на рочиште се додека предметот не го преземе специјалното јавно обвинителство.

Маја Васева