Резултати од мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во ЈИЕ

Од:

Резултати од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Југоисточна Европа ќе бидат презентирани денеска во ЕУ Инфоцентар во Скопје, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Активноста е дел од проектот „Одговор на граѓаните на клиентелизмот во медиумите – Медиумски круг“, финансиран од страна на Европската унија и кофинансиран од Канцеларијата за граѓански организации при Владата на Република Хрватска.