Регистриран земјотрес со епицентар 92 км југозападно од Скопје, со јачина од 3.7 степени според Рихтер

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, денеска во 16 часот и 47 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 92 километри југозападно од Скопје со јачина од 3.7 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните макросеизмички податоци, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија, овој земјотрес е почувствуван во југозападните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.