Референдумот ќе чини 3,4 милиони евра

Од:

Околу 3,4 милиони евра или 210.420.000 денари ќе ја чини државата референдумот за името.

Средствата за референдумот ќе бидат покриени од државниот буџет, но ќе се прави прераспределба на средствата од министерствата и другите државни институции.

Попладнево Собранието со 68 гласа „за“ ја донесе одлуката за распишување на референдумот што ќе се одржи на 30 септември и ќе биде консултативен. Референдумското прашање ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Галена Николовска – Ризвановиќ