Реџепи: Делумно е точно дека Водно нема да се врати во првобитна состојба

Од:

Ќе се сече само 1,7 хектари шума од вкупно 9,3 хектари, вели директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, убедувајќи ги активистите дека нема да се уништи Водно доколку гасоводот поминува низ постојната траса.

„Несоодветни се зборовите дека Водно се уништува. Од целата шума, 0,7 посто ќе се сече“, директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

Штетата на буџетот ќе биде 9,7 милиони евра, односно тоа ќе ја прекине градбата за пет години а ќе треба нова документација, ќе има раскинување на договори, рече Реџепи, според кого, гасоводот не е дозволено да оди преку скопска Црна Гора бидејќи имало ерозимно земјиште, а пак во кругот на обиколницата ќе се сече исто толку шума колку на Водно.

„Делумно точно е дека Водно нема да се врати во првобитна состојба. Пет метри во оска на гасоводот не смее да се пошумува. Воопшто не се забележува дека поминува гасоводот што се градел за делницата Неготино-Штип“, додаде Реџепи.

Кристијан Ландов