Граѓанското движење „Разбуди се!“ бара да се испита работата на обвинителката Гордана Гешковска во судскиот случај „Монструм“ и доколку се утврди дека ги злоупотребила овластувањата да биде разрешена од функцијата. Мотив за ваквото барање се завршните зборови на Гешковски, со кои како што велат од „Разбуди се!“, таа поттикнала омраза меѓу двете најголеми етнички и верски заедници во државата.
– „Разбуди се!“ смета дека обвинителката Гешковска во завршниот збор ги претстави своите ставови што не беа засновани на докази и факти туку само на лични перцепции. Завршниот збор беше преполн со предрасуди и празни фрази, со што цениме дека се надминати предвидените правни норми и дека таа ја злоупотребила својата положба, изјави Астрид Имери од граѓанското движење „Разбуди се!“.