Рашковски немал забрана за комуникација, затоа Кривичен го одбил барањето да биде вратен во Шутка

Од:

Судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, донесе решение со кое го одби како неосновано барањето на обвинителот за замена на мерката куќен притвор со мерка ефективен притвор на осомничениот Д.Р. во врска со предметот за „Нелегална набавка на софтвер“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

-Во недостиг на официјални информации од надлежното јавно обвинителство во врска со предметот за “Нелегална набавка на софтвер„ и опредлените мерки за обезбедување присусутво за осомничениот Д.Р., а во правец на продолжување на неспорната транспарентности и отчетност која Кривичниот суд изминатиот период ја манифестира, ја известуваме јавноста дека: мерката за обезбедување присуство – Куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелациониот суд, опстојува без дополнителна мерка за претпазливост – Забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или Забрана за употреба на средства за комуникација. Предлогот на Јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто не опстојува. Имајќи ги предвид овие околности, прво судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, водејќи се исклучиво од Законските одредби без да навлегува во ценење на сомневањето на обвинителот дали навистина е прекршена мерка која впрочем воопшто не е определна, донесе решение со кое барањето на обвинителот го одби како неосновано, стои во соопштението.

Со оглед да со донесеното решение Кривичниот совет го одби предлогот на Јавниот обвинител, а воедно не го укина односно не ја ни преиспитуваше можност за укинување на мерката – куќен притвор, судот согласно досегашната пракса, заинтересираните медиуми ги извести за донесената одлука на судот, а за причините поради кои Јавниот обвинител барал построга мерка ги упати да се обратат токму кај надлежниот обвинител, наведуваат во соопштението од Кривичниот суд.