Ралф Брет: Политичките лидери да покажат зрелост и да продолжат со дијалог

Од:

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Ралф Брет на македонските политичари им порача да покажат зрелост и да размислат повеќе за долгорочните ефекти од нивните одлуки и однесување, а не од краткорочните добивки кои може да бидат штетни.

Брет во интервјуто за Радио Слободна Европа истакна дека ситуацијата е критична и на политичарите во прв план мора да им биде интересот на земјата и да мислат на компромис, а не само на своите максималистички позиции.

Бојкот на локалните избори од најголемата опозициска партија во секој случај ќе биде чекор назад за државата и за демократските институции. Без разлика колку добро ќе бидат спроведени изборите, доколку се случи таков бојкот, изборот на гласачите ќе ограничен и компетитивноста на изборите ќе биде под знак прашалник – изјави тој.

Амбасадорот додаде дека од ОБСЕ се загрижени од таквиот развој на настаните, за реформите кои се во тек, и за безбедносната ситуација.

-Ако застојот продолжи, тој ќе може да има долгорочни негативни ефекти. Затоа апелираме до сите политички лидери да продолжат со политичкиот дијалог и да дадат се од себе за се надмине оваа ситуација и дојде до можно решение – изјави тој.