Радио Канал 77, нема да присуствува на закажаниот работен состанок на ден. 06.07.2016 во 12 часот на покана од Министерството за информатичко општество и администрација, во врска со експресната јавна расправа за Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институци.
Радио Канал 77 не се согласува Владата на РМ дирекно да влијае врз пазарот на реклами со што преку Маркетинг Агенцијата, која таа ќе ја избере ќе одредува висина за CPP (Cost-Per-Rating-Point).
Ќе бара извештаи од приходи од спонзорствa и донации од медиумите за да одбива финансирање од владини реклами. Има и други небулози кои што директно ќе се одразат на севкупниот медиумски пазар и во иднина ова може да биде репер на сите огласувачи за економски маркетинг. Ќе се прави истражување на пазарот без можност за проверка на методологијата на истражувачките организации.
Уште пострашно е што овој Закон е за распределба на пари над 100.000 евра, а додека малите финансирања кои се во огромен број од јавните претпријатије и општините, повторно лебдат во етерот во Македонија.
И како конечна цел, дирекна легална корупција на медиумите кои што можат да бидат избрани од Маркетинг Агенција или нема да бидат избрани, ќе ги озакони сите девијантни дејствија и ќе ги загуши сите слободни медиуми и се ќе биде по Закон, реагираат од Радио Канал 77.