Раде Трајковски-Штекли кој беше повреден утрово кога беше фрлена бомба во неговиот двор во Керамидница е вон животна опасност потврдуваат извори во болницата „Св. Наум Охридски“. Околу болницата има зголемено полициско присуство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нема други повредени. Ова е трет напад врз Штекли, кој претходно преживеа два обида за ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.
Инцидентот се случи утрово, околу 9 и 20 кога било пријавено дека во двор во куќа експлодирала бомба.