Рачна бомба пронајдена во Струшко

Од:

Рачна бомба била пронајдена вчера на патот што ги поврзува струшките села Радолишта и Вишни. Неексплодираното убојно средство го открил случаен минувач попладнето околу 15 часот, по што веднаш пријавил во полиција.

Како што информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Стефан Димоски, веднаш по пријавата бил извршен увид на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба од југословенско потекло.

– Неексплодираното убојно срество е подигнато од страна на пиротехничар од Центарот за управување со кризи и е одложено на безбедно место, а подоцна ќе биде уништено, вели Димоски.

Пронаоѓањето рачни бомби, како и други неексполидирани убојни средства е чест случај во охридско-струшкиот регион. Во Охридско, ваквите средства досега најчесто се откриени и извадени од водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште и во туристичката населба Пештани, додека во Струшко, поголемиот дел се пронајдени на копно.