Вчера во Единицата за информации и команда Скопје од Ургентниот центар било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето А.Ј. (47) од Скопје.
Тој со повредите се здобил при пад од скеле на објект во изградба на улица Рузвелтова. А.Ј. во моментов се наоѓа во кома центар на КАРИЛ, не е контактибилен и во животна опасност.