А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Работилница: Младите да размислуваат за социјално претприемништво

by А1он13/03/2017 - 14:2472
Share0

Младите луѓе да размислуваат за социјално претприемништво и иновации како еден од начините за развивање кариера и бизнис тука, во Македонија, порачаа денеска учесниците на работилница што првпат заеднички ја организираа Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award 2017) и Фондот за иновации и технолошки развој.

Добивај вести на вибер

– Нудиме едукативни работилници во Скопје и други градови на кои младите имаат можност да добијат информации за социјалното претприемништво, но предвидена е и парична награда како дополнителен стимул, изјави националниот координатор на Наградата Марија Матевска.

За наградата чиј конкурс е во тек, се бираат десет најдобри финалисти. Тие добиваат поддршка за развивање на бизнис-идеите, а во септември се бираат тројцата победници кои добиваат по 2.000 евра, но се бира и четвртонаграден, од заедницата, кој е победник преку он-лајн гласањето. – Тој добива плус инкубациска и менторска помош. Сите заедно потоа имаат можност да патуваат на самит, годинава во Белград, каде се запознаваат со социјални претприемачи од цела Европа зашто оваа награда се имплементира во 18 земји, објасни Матевска.

Во Македонија Наградата за социјално претприемништво се добива трета година. Веќе има успешни примери и практики. – Интересот се зголемува. Првата година имавме 30 апликации, а втората 50. Се повеќе млади луѓе доаѓаат на ваквите настани, аплицираат за работилниците. Се надеваме дека се наоѓаме во фаза на почеток на градење на еко-системот на социјалните иновации и претприемништво, нагласи координаторката.

Бизнисите поддржани од Наградата не создаваат само приход, туку и се грижат за општествените проблеми.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен