Истрели од огнено оружје вечерва околу 19 часот ги вознемирија граѓаните кои живеат во близина на трговскиот центар Буњаковец, јави телевизија Сител.
Две непознати лица вооружени со пиштоли влегле во златарницата Циркон-2 во тргоскиот во Буњаковец со намера да ја ограбат.
Еден од разбојниците испукал од пиштолот при што го погодил сопственикот на златарницата во пределот на ногата.
Разбојниците веднаш побегнале од местото, а повредниот сопственик бил префрлен во Градксата општа болница и според неофицијалните информации, неговата состојба е стабилна.
Од МВР го потврдуваат инцидентот и информираат дека трагаат по разбојниците. Увдиот се уште е во тек по кој ќе се знае дали разбојниците украле нешто од златарницата.