Никола Груевски и лидерот на ДПА Мендух Тачи, утре првпат по пет години ќе остварат тет-а-тет средба, пишува Дневник, повикувајќи се на висок функционер на ДПА.
Средбата меѓу Груевски и Тачи, која треба утре попладне да се одржи во Владата, е на покана од премиерот и на неа најверојатно двајцата поранешни коалициски партнери ќе разговараат за политичката ситуација во земјава, евроинтегративните процеси и претстојните локални избори.
„Дневник“ од Владата не успеал да добие потврда за средбата.