Протести во Скопје пред потпишувањето на договорот со Бугарија

Од:

Околу триесетина граѓани денеска на неколку локации во главниот град протестираа против најавеното потпишување на договорот за добрососедство и соработка со Бугарија. Станува збор за членови на Здружението „Блаже Конески“ кое претпладнето имаше мирен протест пред Министерството за надворешни работи, а потоа групата се собра во близина на Соборниот храм во Скопје, каде на булеварот „Климент Охридски“ беше поставена импровизирана бина.

Протестот потоа продолжи и пред Владата. Собирот кој бил пријавен во МВР, предизвика застој во сообраќајот.

Македонскиот премиер Зоран Заев заедно со својот бугарски колега, Бојко Борисов, утре ќе го потпишат договорот за добрососедство меѓу двете земји.