На протестите пред Собранието на Република Македонија демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил она што вчера вечер се случи, да биде нападнат со шок бомби.
Можат да се слушнат како извикуваат: „Сите душмани ќе ги сотреме“..
Тие велат дека народот има право да протестира и дека сакаат да испратат порака до, како што велат, нелегитимната власт, да се откаже од овие предавнички чинови.
„Ова е достоинствен протест, да го одржиме до крај. Ова е предавничко картелска власт, нема да ви важи ни Букурешт ниту Версај ниту Париз а ни Преспа. Ви се случува народ“ порачаа од протестот.
„Убав мој народе главата горе, на многаја лета народу македонски. Издржете нека не ве плашат.Против народ никој не може“.
Виктор Јованов
