„Никој не смее да прашува за да се промени државното името. Меѓународната заедница треба да ја прифати државата под името Македонија“ порачаа од протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.
Според демонстрантите името не смее да се промени, а договорот помеѓу Македонија и Грција е против сите правила и тој не може да биде спроведен.
Граѓаните протестираат со македонски знамиња.
Собранието е обезбедувано од мал број полицајци, додека позади зградата на парламентот има полициски специјалци.
Пред Собранието се пеат патриотски песни, а нема распоред за тоа кој и кога ќе се обрати, а демонстрантите најавуваат дека тоа ќе биде спонтано.
