(ВИДЕО) Протест пред Собрание: Не може во наше име Заев да ја продава Македонија

Од:

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија поради закажаната седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името.

Демонстрантите извикуваат „Македонија, Македонија“, „Бесилка за Заев“ и „Проклети да се предавниците“.

– Не може Заев да ја продава Македонија, не во наше име, оставка од Владата под итно, велат демонстрантите.

– Ако мислат дека со еден договор ќе не избришат, се лажат. Македонија е нашето име идентитет и достоинство, долу влада. На мирен начин ќе им покажеме дека грешат, овој договор нема да им помине, велат демонстрантите.

Граѓаните исто така го повикаа Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците да ги напуштат собраниските клупи и да се придружат на протестот.

Виктор Јованов