Протест пред куќата на пратеничката Ременски

Од:

Група граѓани вечерва протестираат пред куќата на пратеничката од СДСМ и потпретседател на Собранието, Фросина Ташевска-Ременски во скопско Бардовци. Полиција го обезбедува домот на Ременски, каде група насобрани граѓани го искажуваат незадоволството кон пратениците на СДСМ, кои што неделава гласаа за донесувањето на законот за употребата на јазиците, на што жестоко се противи опозицијата.

Претходните два дена протести имаше и пред домовите на неколку други пратеници од редовите на СДСМ, а беше запален и автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева.